Хуманитарна иницијатива за болницата Лазаро Спаланзани во Рим
За својата колекција „Valentino есен / зима 2020/21“, познатиот бренд ја претстави кампањата #ValentinoEmpathy, кампања и линија создадена за нов свет кој вклучува физичко дистанцирање. Оживеана од креативниот директор на брендот, Пјерпаоло Пиколи, кампањата е исто така хуманитарен проект кој ќе донира еден милион евра на италијанската болница Лазаро Спаланзани лоцирана во Рим.
Наоми Кембел, Лиу Вен, Кристи Тарлингтон, Тали Ленокс, Гали, Леон Дам и други ќе учествуваат во кампањата за новата колекција. Конечниот проект ќе биде сосема поинаква сезонска кампања која се состои од портрети, фотографирани од некој со кого моделите минале време додека траел карантинот.
Модните додатоци од „Valentino Garavani Atelier“ исто така ќе бидат дел од оваа колекција, вклучително и чантите 03 Rose Edition, кои се создадени со икончните couture техники, со посебен акцент ма деталите.