Дом со стил …
Оваа година, повеќе од кога било сфативме колку е битна комоцијата во нашите домови. Доколку има некои детали и ситници на кои не сте обрнувале внимание заради зафатениот деловен распоред и обврски, веруваме дека оваа година, особено за време на вонредната состојба и бројните полициски часови, забележавте сè што ви пречи или не ви се допаѓа.
Нашите домови мора да бидат олицетворение на стилот што го претпочитаме, на некој начин како одраз на нашата личност, при што секоја личност е потполно единствена, исто како отпечаток од прст. Како што еден парфем мириса различно на две различни личности, така и една фотеља може да го најде своето место во еден модерен дом, додека во друг ќе биде некохерентен вишок.
Делумно скулпторски парчиња, делумно идеални лежалки за попладневен одмор, салонските фотељи неодамна добија неверојатно освежување на стилот.
Овој пат, ви претставуваме пет модели кои се и шик и удобни. Откријте ги во нашата галерија …