Диетата со тиква се препорачува за оние кои сакаат ефикасно и брзо да ослабат.
Тиквата е богата со растителни влакна, па дури и во мали количини го намалува апетитот и дава долготрајно чувство на ситост, што ја прави совршена храна во диетите.
За време на диетата, оброците секогаш мора да се земаат во исто време, а вие ќе ги одредите во зависност од секојдневните обврски. Диетата вклучува и закуски кои се состојат од незасладено овошје, чај или кафе без шеќер и минерална вода.
Диетата трае 3 дена, за кое време може да изгубите до 3 килограми. Ние ви прикажуваме примери на оброци за секој ден.
Прв ден
Појадок: печена тиква, чаша сок од лимон. Можете исто така да подготвите каша од тиква со додавање на житарки (ориз, кускус).
Ручек: супа од зеленчук со тиква во која можете да додадете пиперки, кромид, малку компири, зелен лиснат зеленчук и растително масло
Вечера: печена тиква
Втор ден
Појадок: салата од тиква
Ручек: пасирана тиква (како пире од компири), супа од зеленчук
Вечера: овошје по ваш избор
Трет ден
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук без компири
Вечера: два тоста и салата од тиква со ананас