Великанот од светот на архитектурата, буквално ги разбрани брановите со својата најнова креација …
Бјарке Ингелс, познат дански архитект кој постојано го привлекува нашето внимание преку неговата компанија БИГ, претвори стар траект во луксузна семејна куќа. 46-годишникот, купи траект долг 38 метри на крајот на 2016 година. Тој тогаш беше закотвен, исто како и сега, во близина на Рефшалежен, историското пристаниште на Копенхаген, а Ингелс му подари допир од неговата магија и го претвори во нешто неодоливо.
„Тој во себе ги има минатото, сегашноста и иднината на Копенхаген, што може да се види на прв поглед. Ако погледнете на исток, ќе видите како сонцето изгрева. Погледнете на запад, и ќе го видите како заоѓа “, рече славниот архитект.