Бидејќи заради пандемијата со корона вирусот тешко се лета некаде и забраните за патувања се во сила во многу земји, авиокомпаниите прават се за да си ги зачуваат работните места и да остварат профит на некој начин.
Една јапонска компанија започна да нуди виртуелни годишни одмори ширум светот, додека „Тајланд ервејс“ отвори кафуле со авионска тематика. По овој пат тргна и Сингапур ерлајнс, кој на своите клиенти им ја понуди програмата „Откријте ја вашата авиокомпанија Сингапур“, програма која ќе биде достапна во следните два месеци.
Клиентите кои ќе се решат да ја искусат оваа програма, ќе имаат можност да ја посетат официјалната канцеларија на авиокомпанијата, да вечераат во авионите „Ербас А380“ и да уживаат во најдобрите понуди на храна и вина од „бизнис“ и „прва класа“. Во понудата се голем број на меѓународни кујни, како и менито Пернакан, од менито на готвачот Шермаи Ли.