Островото Рузвелт буквално живее во сенката на високите облакодери на Менхетен, а тоа наскоро може да се промени …
Архитектонското студио Rescubika Creations штотуку го претстави својот предлог за облакодер на ова острово, што би го направило Светскиот трговски центар да изгледа како џуџе и истовремено да ја преземе титулата за највисока зграда во оваа земја.
Француската компанија дизајнираше станбен облакодер лоциран помеѓу мостот Квинсборо и јужниот огранок на островот. Доколку се изгради, облакодерот со 160 ката би бил висок 737 метри, што е двојно повисоко од зградата на „Крајслер“ и 113 метри повисоко од Светскиот трговски центар, кој во моментов ја носи титулата за највисока зграда во САД.
Покрај тоа, овој облакодер би станал втората највисока зграда во светот, само стотина метри зад Бурџ Калифа во Дубаи, чијашто димензија е 828 метри.
Сепак, висината не е најимпресивниот елемент на овој нов проект. Дизајнот е именуван како Мандрагора, според истоимената зелена билка. Како јаглеродна структура, овој облакодер може да зафати огромен волумен на емисии, да се бори против ефектот на стаклена градина и да помогне во постигнување јаглеродната неутралност до 2050 година.
Футуристичкиот дизајн вклучува дрвени градежни материјали, заедно со 8.300 грмушки, 1.600 дрвја и 8.300 квадратни метри видови од растенија. Овие органски супстанции не само што ќе бидат визуелна појава, туку исто така ќе апсорбираат штетни емисии. Покрај тоа, структурата е опремена со 2.300 квадратни метри соларни панели и 36 турбини за воздух, за производство на чиста енергија.
За да се справат со екстремните временски услови на Њујорк, зградата Мандрагоре ќе содржи мрежа на подземни цевки за складирање на топол и ладен воздух, а потоа ќе ја испушта низ нејзината внатрешност. Компанијата, исто така, предлага да се создадат домашни канцеларии во секој стан, со цел да се намали потребата за користење автомобил, што дополнително би ги намалило емисиите. Бидејќи повеќето луѓе во градот работат од дома поради пандемијата на вирусот корона, овој предлог веројатно ќе биде прифатен.
И додека Мандрагора е моментално во фаза на концепт, тоа секако ќе му помогне на Њујорк да ја постигне својата цел утврдена со Законот за мобилизација на климата, што вклучува намалување на ефектот на стаклена градина за 30 проценти до 2030 година.