Јакна или кошула? Зошто да избирате кога ќе можете да ги имате двете во едно стилско парче облека.
Јакна-кошула, кошула-јакна, „”shacket“ (мешавина од кошула + јакна), наречете ја како сакате. Факт е дека овој супер кул хибрид е на половина пат помеѓу јакна и кошула, е она што треба да го имате на располагање при преминот од топлата во студената сезона.
Есенските месеци, кога сè уште не е премногу студено, се совршено време да го купите ова модерно парче облека и да го носите на различни начини. Кошула-јакна исто така ќе ви се најде среде зима, под убава винтијага или преголем капут.
Дизајнерите подготвија различни модели кои се подготвени да ги задоволат најразниовиднте вкусови. Од волна или платно, велур или кожа, еднобојни, можеби обоени во пастелни нијанси како сината или розовата или со графички отпечатоци – изберете го оној модел кој најмногу одговара на вашиот стил!
Погледнете ги актуелните модели во галеријата со фотографии.
ПРВИТЕ ПЕТ МОДЕЛИ ГИ ИМА ВО:
BERSHKA, PULL&BEAR, STRADIVARIUS, MANGO,ZARA