Долгоочекувана колекција на новиот креативен директор на брендот Живанши …
Овој месец на модата светот сигурно ќе се памети како најнеобичен и најемотивен. Но, не се новите формати кои дизајнерите ги одбраа поради коронавирусот што ги натера срцата на модните уредници да чукаат побрзо – веќе со месеци, сите кои не се рамнодушни кон модата, се радуваат на посебните колекции: првата е соработката на Раф Симонс со Прада, втората дебито на Метју Вилјамс за Живанши.
Наместо ревија, креативниот директор на францускиот бренд одбра презентација преку lookbook.
На чиста бела позадина, моделите позираа во кожни правоаголници наместо сакоа, целосно проsирни фустани, костуми со интересни ракави, свилени топови, фармерки со набори, асиметрични здолништа и кожни костуми.