ELIE SAAB и корпоративниот бренд Maison се горди што го најавија отворањето на првиот салон на ELIE SAAB во Милано – колекција на мебел Haute Couture, збогатена со широк спектар на додатоци.
Просторот ќе ја симболизира заедницата помеѓу модата и дизајнот, чија цел е да стане симбол на нов начин на создавање вредности. Изложбениот салон е влез во светот на ELIE SAAB, динамична изложба на цела низа проекти.
“Изложбениот салон е суштински простор кој го менува својот дизајн во ритамот на колекциите и многу новини кои ќе бидат предложени тука во следните фази на нашето возбудливо патување “, кажа Massimiliano Ferrari претседател на брендот.