Ако имитацијата е најдобра форма на ласкање, брендот Gucci е дефинитивно еден од најпопуларните во целиот свет …
Фактот дека тие се свесни за сите „фалсификати“ со нивниот потпис ги става над другите брендови. Во оваа прилика, тие ги провоцираат своите имитатори лансирајќи колекција наречена Fake/Not Collection.
Предводен од Алесандро Микеле, брендот Гучи ја користи привлечноста на иронијата со колекција која е украсена со иконско монограмско платно, а на себе носи Not Fake мото, печатено во шампањ жолта боја.
На разигран начин, секој збор е на по едната страна од парчето, така што тие всушност не се читаат заедно – од едната страна, луѓето ќе го видат само натписот Лажен, додека од друга ќе го гледаат само Не. Колекцијата Gucci Fake / Not нуди ранци, чанти, куфери, облека, шалови, капи и чевли. Најпопуларното парче е најлонска јакна за ветер, украсена со монограм.
Мотивот „Fake/Not“ првпат беше виден на модната писта за време на машкото шоу „ Gucci “, есен / зима 2020-21.