Дали сте подготвени за најлудата модна изјава досега?
По искинатите и избледени фармерки, дојде вистинското време за оние кои се со флеки од трева.
Работејќи на тоа што најдобро го прават, луксузната марка Гучи претстави пар фармерки кои доаѓаат со претходно нанесени флеки од трева околу колената.
Како дел од нивната гранџ инспирирана (есен / зима 2020) колекција, овие светло сини тексас пантолони со широки ногарки се изработени од органски памук и „се специјално третирани за да се добие излитен, витиџ и флекав ефект“. Наменети како модел со низок струк, овие фармерки добија и винтиџ лого над задниот џеб.
Во описот на официјалната веб-страница на брендот се вели: „Гучи истражува нов пристап кон култниот материјал, реинтерпретирајќи го со различни дизајни и техники на боење, кои ги бришат границите помеѓу старото и модерното “.
“Парчиња со разноврсен начин на носење и различни стилови му даваат на секоја личност и даваат можност да го почувствува индивидуалниот дух на оваа модна куќа “
Брендот исто така лансираше патики со ист ефект, иако клиентите не се воодушевени ниту од првиот ниту од вториот пар. Ако ви се допаѓаат, знајте дека тие веќе можат да се купат за 1.400 долари на официјалната веб-страница на брендот.