Nob Hill, еден од најстарите делови на Сан Франциско, веќе е исполнет со луксузни хотели, уметнички галерии, ресторани и други канцеларии на високото општество.
Сепак, новоотворената Crescent зграда, која се состои од 44 резиденции, од кои четири се пентхауси, успеа да го најде своето идеално место, токму таму. Rober А.М. Stern Architects ја дизајнираа оваа осумкатница, додека Champalimaud Design остави свој белег создавајќи прекрасни заеднички простории, како што се лоби, скали, фитнес студио и ложа за приватни настани.
Пентхаусот кој моментално е достапен за купување, по цена од 7,1 милиони долари, комплетно е опремен од студиото Jeff Schlarb.
Со три спални соби и две бањи, просторот е исполнет со текстури од прекрасен мермер, уметност, мебел тапациран со богати материјали, вибрации на спокојство и раскош, украсен минималистички.