Облаците се вистински извор на инспирација за многу креативци ширум светот…
По нив се моделираат бројни светилки, модели на тапети, мебел и многу повеќе. Сепак, овој пат ви претставуваме нешто сосема друго.
Шота Урасаки, студентка од Окинава во Јапонија, го дизајнираше столчето Облак, на кој секој би посакал да седне.
Седиштето од хартија е создадено со продирање на полиестерски влакна преку полиуретанска пена со помош на игла. Од друга страна, ногарките од не’рѓосувачки челик и рефлектирачкиот пиедестал создаваат илузија на дожд.
Високото седиште на овој стол ќе ве натера да мислите дека седите на вистински облак. Природната убавина за Окинава беше главната инспирација за уникатниот дизајн на столот, кој не доби потпирач за грб или раце, но сепак изгледа едноставно премногу удобно.
Конечно, мора да истакнеме дека овој стол доби награда Gold A Design за оваа година!