Ако се надевавте дека модниот тренд од 90-тите и 2000-тите ќе заврши во новата сезона, ве уверуваме дека тоа сè уште е далеку. Колекцијата Blumarine за пролет / лето 2021 година го потврдува тоа.
Колекцијата е елегантна, понекогаш дури и премногу, парчињата се украсени со пердуви, тамтела, крзно или цвеќиња со украсни стакленца – сè е вклучено одеднаш. Дизајнерите на модната куќа добро се забавуваа и ја пресоздадоа „гламурозната“ атмосфера на тоа тешко, но многу ведро време.
Правоаголни очила со обоени стакла и високи сатенски чизми се главните додатоци во новата летна сезона – се прашувате дали сме повторно подготвени за ова?