Модел со одличен моден стил!
Благодарение на нејзината неверојатна убавина, Тина Кунаки изгледа спектакуларно во скоро секоја облека. Денес, 23-годишната сопруга на Винсент Касел го освои Париз со својот нов стајлинг.
Тина позираше во тотален Valentino стил – црвен фустан со мониста и должина до подот, со шлиц и кожни сандали, а изгледот е комплетиран со клач торба Valentino Garavani 03 Rose Edition со набори во форма на роза.
Тина ја пушти својата кадрава волуминозна коса и ги нагласи изразените образи со шминка и хајлајтер.