Ултра познатата јапонска уметница Yayoi Kusama, се враќа на сцената …
Овој пат, таа ја претстави спектакуларната креација во чест на Veuve Clicquot La Grande Dame 2012, во форма на лимитирани, со точки шишиња за шампањ. Креирани како дел од соработката помеѓу француската куќа на шампањ и Yayoi Kusama, на овие ексклузивни декантери им е дадена познатата со точки естетика, која е ре-аранжирана во форма на меурчиња од шампањ.
Пакувањето доаѓа украсено со цветен мотив, кој нè асоцира на нејзината Flowers that Bloom at Midnight серија.
Yayoi Kusama x La Grande Dame 2012 Vintage Clicquot шишињата на шампањ, ќе бидат достапни за купување од 23 септември, по цена од 242 долари.