Необична и шарена куќа која е целосно под земја и има 3 спални, 2 бањи и 3 дополнителни простории го привлече целото внимание на сите. Куќата се наоѓа во во Бафало, Тексас.
Моментално се продава за неверојатни 2,2 милиона долари. За да влезете, треба да поминете низ таканаречена хобит-дупка, која е нацртана да изгледа како тунел од тули. Внатре веднаш сте „бомбардирани“ од светли бои. Секоја соба има уникатна тема и е различно дизајнирана.
Тој што ќе се одлучи да ја купи не купува само подземен дом. Имотот вклучува и надземни градби што се простираат на 14 хектари земја, како и гаража и работилница. Во близина на градбите има и езерце.