Со приближувањето на постудени утра и ноќи, крајот на летото бара облека помеѓу две сезони – кожни бермуди и шорцеви се едно од решенијата, а тоа го докажуваат и познатите дами.
И додека во текот на летото бевме опседнати со тексас бермуди, кои модната куќа Шанел ги врати во светот на модата, сега ќе избереме потопли материјали за есента и ќе го замениме тексасот со кожа.
Кожните шорцеви и бермуди го најдоа своето место во есенските колекции, а скоро и да нема моден бренд кој ги нема во својата понуда.
За вечерни излегувања можете да носите кожни шорцеви со висок струк со високи
потпетици и убав горен дел или носете ги со бела маица и сандали преку ден. Еве некои од нашите омилени стилови кои може да ви послужат како инспирација.