Филигранот е деликатна уметност на метална обработка, обично, сребро или злато, кое се користи уште од античко време.
За оваа техника се користат перли или плетени нишки, кои исто така можат да се комбинираат, а потоа да се нанесат на површината на предметите изработени од ист метал и распоредени во форма на уметнички мотиви.
Оваа старомодна техника за создавање софистицирани парчиња е во фокусот на брендот „Бока до Лобо“, кој со оваа техника создаде еден од највеличествените производи во својата колекција – огледалото „Filigree Mirror“.
Како вистинско уметничко дело, луксузното огледало е омаж на клучните вредности на брендот „Бока до Лобо“ нивното наследство и вештини. Структурата на огледалото е создадена од месингани нишки, кои се позлатени со 18 каратно злато.