Уметничката директорка, Кристина Селестино, дизајнираше две нови колекции мебел за седење за новата ера на италијанскиот бренд Билиани ...
Станува збор за производи на колекциите Корола и Фризи. Со историја на создавање мебел веќе 100 години, компанијата со седиште во Манзани, негува култура на раскажување приказни, експериментирање и добар дизајн, а сите овие елементи се испреплетени низ новите колекции.
Колекцијата фотељи Корола Лаунџ содржи нежни, хармонични форми со облини и дрвени подлоги. Шармантната брановидна линија, која е присутна во секое парче, го претставува светот на модата, додека нивниот квалитетен тапацир ја придружува целата приказна со интересни контрастни бои и текстури.
Колекцијата Фризи ни претставува чиста боја, во комбинација со елегантни ногарки. Првично дизајнирана за комерцијалниот пазар, колекцијата содржи модели кои дишат култура и софистицираност, што истовремено создава почит кон вештините на оваа компанија.