Многу често, црната боја не се смета соодветна за купатилата, бидејќи дополнително визуелно го смалува, ионака веќе по правило, малиот простор …
Понекогаш таа може да емитува клаустрофобичен амбиент, но ако сакате безвременски, класичен ентериер, црната боја може да биде одличен избор.
Тимот на брендот Maison Valentina, кој е познат по создавањето на најдекадентните парчиња мебел, ги сподели со нас најдобрите начини како да ја вметнеме оваа специфична боја во декорацијата на бањата, заедно со најдобрите производи што можете да ги користите за да го постигнете тоа.
Како врвен простор за релаксација и опуштање пред спиење, бањата ќе ви овозможи посебно уживање во шемите на потемни бои, за разлика од светло-белата боја, што е вообичаена во оваа средина. Можеби мислите дека црна, јаглен и темно сива боја се забранети во бањата, но всушност, тие носат фантастична доза на драматичен гламур.
Њутон када
Оваа када доби заоблена форма, која, како безвременски детаљ, испушта вибрации на удобност и доаѓа во варијанта од леано железо во златна боја, со целосно златен ентериер.
Мијалник желка
Со векови, тврдиот оклоп на желката е инспирација за создавање на разни парчиња, кои имаат силна декоративна намена. Причината за тоа е прекрасниот дизајн и боите, што може да го направи секој мијалник желка уникатен. Црното, сивото и златото заедно создаваат едно прекрасно парче, со контрастни златни славини и мијалник, заедно со црните ногарки. Високо функционален, овој мијалник содржи рефлектирачка полица, вградена фиока, како и позлатени елементи за крпи.