Иако сè уште уживаме во топлите летни денови, секој ден сме се поблиску до реорганизација на гардеробата, што значи дека главните места ќе ги заземат малку потоплите модни парчиња погодни за есен. Бидејќи станува збор за преоден период, она што дефинитивно ни треба е нова облека што одлично ќе одговора на непостојаноста на оваа сезона, а вистински пример за вакво модно парче е добра кожна јакна!
Во еден есенски ден, обично ги минуваме сите можни сезони, од ниски утрински температури, сè до топлото пладне. Кожната јакна совршено ги исполнува таквите барања и како таква мора да се најде во сечиј гардеробер. Исто така, кожената јакна не е резервирана исклучиво за моторџискиот стил на облекување, а веќе неколку сезони сме сведоци на нејзиното малку помеко и повеќе женствено издание. Покрај функционалноста, она што особено ни се допаѓа кај оваа јакна е тоа што одлично оди со други модни парчиња од гардеробата, па затоа сакаме да ја носиме со фармерки и бела маица, што на целата комбинација и дава помодерна и урбана нота. Од друга страна, ова модно парче оди одлично со малку помеки модни парчиња, како што е цветен дезен на здолништа, создавајќи одлична женствена комбинација со кул карактер. Подолу ги избравме најновите есенски модели од вашите омилени улични продавници, каде можете да најдете класични црни кожни јакни, па сигурни сме дека секој ќе го најде идеалниот модел за себе!