Брендот H&M со гордост ја објави соработката со луксузниот италијански бренд Giuliva Heritage, познат по своите беспрекорни кроеви, кои ја воведоа класична машка облека во светот на женската мода.
Основачите на овој бренд, сопружниците Маргерита Кардели и Џерардо Кавалиере, се страствени љубители на модата која трае и е направена од квалитетни материјали.
Заедно со H&M и по примерот на италијанското модно наследство, тие создадоа модерна колекција изработена со материјали од одржливи извори, а во согласност со патот на двата бренда кон циркуларната мода, користени се рециклирани материјали во целата колекција.
Колекцијата Giuliva Heritage x H&M ќе се најде во продажба во продавниците H&M од 3 септември.