Со изработка на мурал на фасадата на хотелот „Скопје” спроти Меморијален музеј „11 Октомври 1941“ во центарот на Прилеп, на улица „Илинденска“ б.б, продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У).
Автор на муралот е Ристо Аврамовски во соработка со Владимир Милиќ, Филип Јовановски и Ненад Тонкин и е во продукција на ФР~У во соработка со
ЦСЛУ(Центар за современи ликовни уметности) и Јавен Простор – Прилеп.
Претходните пет мурали беа изведени на јавни институции, јавни простори, центри за култура со цел да се истакне солидарноста и соработката со јавните институции од културата и да се прати порака за заедништво во секоја локална
средина поединечно. Муралот во Прилеп насловен „Напред, без да се заборави” кој повторно реферира на „Песна за солидарноста” од Бертолт Брехт, симболично е поставен во близина на локација која е важна за антифашистичката борба, а тоа е објектот на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ .