И како што веќе и врапчињата на гранките знаат, заради пандемијата од корона вирусот, спречени сме да патуваме и да го истражуваме светот…
На некој начин, сите сме заробени во нашите земји, со маски на лицето и со постојана претпазливост во умот, борејќи се, како што велат експертите со невидливиот непријател.
Сепак, целата приказна поврзана со пандемијата, мерките на претпазливост, како и со одложувањето на долгорочните планови, не наведоа да го изгубиме расположението.
За да ни помогнат да го вратиме расположението на вистинското ниво, многу креативни луѓе ширум светот даваат се од себе. Некои од нив ги презентираат своите архивски фотографии од море и плажи, егзотични дестинации и локации, други ни даваат совети како да ги донесеме морето и плажите во својот дом, додека некои создаваат ремек-дела со своите десет прсти.
Денес, ние им посветуваме внимание на нив, поточно на слаткарите кои наместо обични колачи и торти, создаваат ремек-дела инспирирани од рајските острови. Тортите на кои наидовме се инспирирани од Малдиви и многу други дестинации, а украсени се со хидроплани, дрвени платформи и сите други детали што нè поврзуваат со морето и морските авантури.
Пиратските бродови создадени од чоколадо, детално украсени корали и подводен свет, бранови кои го зафаќаат брегот со својата пена, се само дел од прекрасните ремек-дела.
Ако ви треба доза морска забава, предлагаме да ја разгледате нашата галерија и да замислите дека сте токму сега на една напуштена плажа…