Купувањето овошје штотуку стана полуксузно, благодарение на јапонскиот бренд Tsuchiya Kaban…
Овој култен и интересен бренд штотуку претстави луксузна, рачно изработена кожа торба, која е создадена за да носи само една лубеница. Креирана како дело на дизајнерот Јусуке Кадој, Watermelon Bag како што се нарекува, е луксузен и веројатно скап додаток, кој не може да се користи за многу намени.
Рачно изработена со неверојатна прецизност, торбата може да ја издржи тежината на цела лубеница. Како што вели Кадој, оваа идеја му дошла затоа што тој е самиот љубител на лубеници.