Пред неколку години имавме бомбастично враќање на топови. Ова лето асиметричниот топ повторно влезе во нашата гардероба!
Совршено за соочување со летниот период, со геометриски и забавен ефект, изгледа одлично со “молив” здолниште, рамни панталони, шорцеви и бермуди и е наш сојузник било да го носиме преку ден или ноќ.
За оние (секако во знакот на Вага) кои не можат да одлучат помеѓу кратка маица и асиметричен топ … за среќа постојат 2 во 1 – топови со асиметричен крој!
Оваа сезона се издвојуваат моделите со ролка над кој се носи масивен ланец – уште еден голем тренд оваа сезона.
Асиметричните топови не се резервирани само за врелите летни денови, можете да ги носите и за време на есента под блејзер или кожна јакна.
Ги откриваме најинтересните модели во галеријата.