Најинтересната соба во огромниот пентхаус со пет соби на Сузан Сарандон, можеби е најмалата…
Обоена во живописна кобалт сина, таканаречената “Academy Award Bath” е всушност мала соба, каде Сарандон ги изложува своите бројни награди.
Откако во изминатите 29 години живееше во овој дуплекс, Сузан одлучи дека е вистинско време да се збогува со својот сакан дом. Со нејзините деца кои пораснале и заминале да го живеат својот живот, според зборовите на познатата актерка, нејзиниот стан сега и станал преголем.
Во целиот стан доминира амбиент на индустриски стил, кој се карактеризира со детали во форма на изложени цевки, железни радијатори и тавански греди.
Таа бара релативно скромни 7,9 милиони долари за него, а кога ќе го продаде, планира да се пресели во близина во помал стан.