Модната куќа Гучи претстави комплетна линија на додатоци за колекцијата есен / зима 2020/21, која беше прикажана во месец февруари во Милано.
За следната есен, Алесандро Микеле нè поканува да погледнеме наназад и да се потсетиме како се облекувавме како деца. Зад сцената, тој кратко ја опиша идејата за сезоната како „совршенство на облека за девојчиња“.
Дизајнерот исто така се сетил на убавината на Едвардијанскиот стил, покажувајќи раскошни фустани. Овие теми можат да се видат и во колекцијата на модните додатоци – Чевлите Mary-Jane со мали потпетици, рамо до рамо со стилизираните двојни чизми, а меѓу торбите се и новите верзии на моделите Dionysus клач моделот и иконската Jackie 1961 со препознатлив монограм на бремдот.