8 намирници кои не треба да ги чувате во фрижидер
Летната сезона е во полн ек, пазарите се полни со свежо овошје и зеленчук, а бидејќи се обидуваме да бидеме фит и здрави цело лето – поголемиот дел во нашите фрижидери се состои токму од овие намирници.
Но, дали знаете дека некои овошја и зеленчуци е подобро да не ги чувате во фрижидер?
Подолу ви донесуваме 8 намирници кои не треба да ги чувате во фрижидер.
Домати
Доматите во фрижидер го губат својот вкус и боја. Чувајте ги ладни, но не и во фрижидер. Ако зреат премногу рано, искористете ги за салати или салса.
Диња и лубеница
За дињите и лубениците е подобро да бидат на собна температура затоа што така ги чуваат антиоксидантите. Само кога ќе го пресечете, може да се чуваат во фрижидер 2-3 дена.
Компири
На многу ниска температура, компирите го губат својот скроб, па затоа чувајте ги на ладно и темно место надвор од фрижидерот.
Кромид
Од влажноста во фрижидерот, кромидот станува мувлосан и кашест. Само кога ќе го пресечете, остатокот можете да го чувате во вреќичка во фиока со зеленчук.
Лук
Свежиот вкус на лукот ќе го задржите со тоа што ќе го чувате на ладно, суво и вентилирано место. Кога отворате чешне лук, консумирајте го во рок од 10 дена.
Јаболка
Јаболката е најдобро се чува во сад на масата. Овошјето во кујната носи позитивна енергија, а и убаво е на изглед. Само ако не ги изедете за една недела или две, продолжете го рокот на траење со тоа што ќе ги ставите во фрижидер.
Бобинки
Јадете свежо набрани бобинки на собна температура, бидејќи тие така се повкусни. А за подого траење, ставете ги во фрижидер, но проверете дали е суво.
Праски, кајсии и сливи
Оставете ги овие плодови да зреат на собна температура и најдобро е веднаш да ги јадете. Ако ги ставате во фрижидер, обавезно да ги изедете за неколку дена.