Логичното продолжување на повеќеслојниот тренд е комбинацијата на фустан и панталони во еден стајлинг.
Во сезоната пролет / лето 2020 година, дизајнерите го оживеаа на различни начини: на пример, францускиот бренд Jacquemus претстави комбинација на панталони и романтичен макси фустан со тенки ремени во трендовската фуксија боја, Jonathan Anderson, креативниот директор на британскиот бренд JW AndersonJ, го стилизираше свилениот фустан со класични панталони.
Идејата за таква комбинација не е нова: се однесува на античка ориентална традиција, кога фустаните се носеле над харемските пантолони.
Потоа, се појавија слични експерименти во 70-тите и 90-тите години, се додека во тековната модна сезона, активистите од уличен стил повторно решија да комбинираат фустани и панталони
Најчесто, дамите во модните престолнини избрааат лесни макси фустани и ги надополнуваат со ленени панталони. Слип фустаните, исто така не се поштедени: комбинациите со кожни или памучни панталони изгледаат свежи и не се досадни.