Со спектакуларен поглед кон мостот Голден Гејт и Сан Франциско, вилата од 29,5 милиони американски долари сместена е во ексклузивна енклава, а може да биде и солидна инвестиција…
Со „поглед од милион долари“ од многу делови на куќата, сигурни сме дека тоа е најсоодветен опис, епски.
Претприемач од САД ја купил оваа специјална парцела на островот Белведере, на северната страна на заливот на Сан Франциско во 2000 година, а потоа потрошил пет години и 25 милиони долари, градејќи ја оваа вила која е околу 700 квадратни метри. Како што дознаваме, пред да го купи својот имот, претприемачот живеел во три различни вили на мал остров, кој бил развиен во текот на 1890-тите, како место за одмор на богатите и славните.
Сместена на карпа на западната страна на островот Белведере, оваа елегантната, ултра модерна вила е дизајнирана од локално архитектонско студио, Аидлин Дарлинг Дизајн, за да го направи погледот од неа, центар на вниманието.