Хотелот Rosewood Bangkok нуди неверојатни удобности – вклучувајќи ги уникатните апартмани кои имаат приватни базени, вклучувајќи и три нови кои ќе бидат отворени до крајот на оваа година…
Ентериерите и сите пространи сместувачки единици на хотелот се дизајнирани од Lillian Wu Studio за да презентираат софистициран и модерен декор, прозорци од подот до таванот и удобности како што се фенови за коса „ Дајсон“, уникатни производи за нега и мини барови полни со персонализирани, флаширани коктели.
Фантастичните апартмани се дизајнирани како вистински резиденции, осмислени како станови на колекционери на уметност, а комплетирани се со избор на современи слики и скулптури.