Островото штотуку помина во процес на реновирање вредено 100 милиони американски долари, а кога патувањето конечно ќе биде дозволено, ќе можете сето тоа да го имате за себе…
Одморот на островото Кокомо звучи како совршено славење на крајот на пандемијата. Сепак, оваа тропска нирвана, сместена во недопрените води на Фиџи, сега ни се чини само сон.
Проектот на австралискиот тајкун за недвижнини, Ланг Вокер, Kokomo Private Island претставува луксузно одморалиште вредно 100 милиони долари, со кое се слави зачудувачката природна околина, нудејќи ненадмината услуга од пет sвезди и целосна приватност.
Што се однесува до активностите, Ленг, кој е посветен екологист, се погрижил гостите да добијат можност да ја истражат секоја педа на недопрениот остров. Замислете да нуркате со ајкули, планинарење до водопад, пливање со раџи, спортски риболов и излети на изгрејсонце.
Опкружен со Големиот гребен на Астролабе, кој е полн со морски живот, Кокомо нуди некои од најдобрите локации за нуркање и снорклинг во светот.