Семејниот бренд од Белгија, кој е специјализиран за создавање фантастичен мебел за екстериери, ја претстави новата колекцијата Елио.
Дизајнирана од канадската компанија Јабу Пушелберг, оваа колекција се состои од комфорни фотељи, столици, лежалки и двоседи.
Гостопримливо и пријатно, новитетите од оваа колекција комбинираат традиционални техники на креирање текстил со модерни процеси на боење, со цел да се создаде материјал што го имитира топлото и нежно чувство на светлина на небото во самрак.
Колекцијата на мебел Елио се карактеризира со деликатна заоблена силуета што се затвора навнатре, создавајќи чувство на кожурец. Дрвените нозе и плетените седишта создаваат идеална контрастна комбинација. Мора да признаеме дека овие парчиња мебел изгледаат пријатно и модерно.