Лубеницата обично ја сметаме за овошје иако е всушност зеленчук од семејството краставици. По потекло е од Африка, а првото одгледување на лубеници почнало во Египет.
Луѓето обично не знаат дека покрај вода, лубеницата содржи витамин Ц и бетакаротин и дека е исклучително делотворна во превенција на болестите на срцето и хорничните воспаленија.
Одличен извор е на витамин Б, одговорен за метаболичките процеси и производство на телесна енергија, а поседува и прилично високо ниво на витамн Б6.
За исхрана се користи плодот на лубеницата. Многу лековит е сокот од лубеница. Во многу земји се користи во слатки и солени јадења и салати, а кај нас е позната воглавно како десерт. Покрај плодот и сокот, за исхрана се користат и семките од кои може да се направи здрав леб.
Лубеницата е корисна намирница, природен лек за детоксикација и антиоксиданс, за превенција на многу болести, акни, анемија, астма, пад на имунитет, стрес, целулит, камен во бубрег, појава на бори на кожата…