Храброто дизајнерско дуо Виктор и Ролф не познаваат граници и правила и не се плашат да експериментираат во нивните колекции.
Во последните две колекции на брендот видовме бароктен раскош, смешни пароли и сленг изрази, потоа дизајнерите ја направија колекцијата во целост од рециклиран материјал оставен од претходните сезони, а сега нивниот креативен ум се обидува да ги покаже промените со кои се соочи светот во последните четири месеци.
Колекцијата е наречена „Промена“, а краткото видео ги објаснува сите девет парчиња облека кои ги толкуваат неодамнешните настани.
Започнува со темносин сатенски фустан на кој гледаме сиви облаци. Затоа што во овој момент, светот е задушен од изолација и недостаток на социјален и културен живот. Вториот фустан се вели дека се носи „само дома“, а преголемите висечки ракави ја симболизираат тежината на моментот, што силно нè влече во себе и во она што се случува. Секоја од деветте облеки е детално објаснета – нешто што е плус за дигиталниот приказ на колекцијата, затоа што можете да обрнете внимание на секој детал, а тоа е тешко да се направи за време на модна ревија во живо.