Можеби социјалното дистанцирање никогаш не изгледало толку убаво: дизајнерот Simon Port Jacquemus ги покани блиските пријатели на поле со пченица во близина на Париз, а сите ВИП гости седеа на оддалеченост од метар и половина.
И покрај прилично мирната позадина на боите, оваа колекција се покажа како посветла од онаа претставена на полињата со лаванда пред една година: иако во неа нема заситени бои – само мирни нијанси на беж, жолта, кафенаа и зелена – целото внимание го привлекоа воздушните здолништа со вез, памучните топови кои откриваат гради, костими со високи изрези во форма на срце и фустани со заводливо деколте.
Идните бестселери не треба да се занемаруваат: торбата Le Chiquito со долга рачка, масивните обетки и привезоци, квадратните торби, како и микро марами наместо еластични ленти за коса.