Францускиот бренд за накит, Картие, претстави нова колекција, наречена Sur Naturel …
Моделот Бланка Падиља ја доби главната улога во новата кампања, во која има шарени дизени инспирирани од водата, фауната и флората.
Убавите бои создаваат совршен контраст на овие гламурозни фотографии. Ретки камења, како што се смарагди, сафири, дијаманти и опали, се издвојуваат на луксузните парчиња.
Што се однесува до убавината, природната привлечност на Бланка зрачи со максимална моќ, благодарение на не нагласената шминка и едноставната, но елегантна фризура.