Со доаѓањето на топлите летни денови, единственото нешто што сакаме е да уживаме во лесните стилски комбинации кои се издвојуваат со практичност, но и стилска модна нота. Оваа сезона, сè се носи, но фокусот е ставен на сандали со ремени и практични влечки кои мора да ги додадете во вашата колекција.
Кога станува збор за дневните комбинации, флип-аповите се одличен избор пред се затоа што тие се исклучително функционален модел кој оди добро со летни фустани и здолништа. Се разбира, можете да се одлучите за модели со удобна блок-пета и да изгледате многу шик, но исто така да задржите доза на удобност. Од друга страна, ако сакате малку поинаков, нежен изглед, одберете интересни модели со повеќе впечатливи црни детали. Споменатите модели ќе изгледаат одлично во комбинација со минималистички предмети за облека, ленен материјал, но и свила, што ги прави модели кои што можете да ги облечете и во вечерните часови.