——————————————————————————————————————————-
Во центарот на културните случувања овој месец несомнено вниманието ќе биде фокусирано на првото издание на Џез Фестивалот “КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ”. Во организација на дискографската куќа *ПМГЏЕЗ*, љубителите на квалитетна музика во паркот позади МКЦ ќе можат да уживаат во изведбата на повеќето наши џез изведувачи.
Мирко Попов,(извршен продуцент на ПМГ РЕКОРДИНГС), визионер, еден од клучните фигури на македонската алтернативна сцена кој повеќе од две децении со своите култулорошки заложби ја промовира квалитетната музика во нашата земја. Му благодариме на Мирко за отстапениот материјал кој во целост ви го прикажуваме подолу во текстот.
——————————————————————————————————————————
е НОВ ФЕСТИВАЛ и културолошка заложба на дискографската куќа
PMGJAZZ од Скопје. Наш основен интерес е пронаоѓање, создавање, снимање, издавање и промоција на квалитетна македонска џез, етно, crossover музика. Нешто, што ова наше тло раѓа во изобилство. Ако погледнете на страната каде што ги промовираме / продаваме нашите изданија [ pmgjazz.bandcamp.com ]
ќе забележите автентична, вибрантна, разновидна и неверојатно квалитетна македонска џез музика. Повеќето од тие автори ќе настапат на првото издание на фестивалот
Ова е нашиот завет за сегашноста и иднината на македонската реална култура. Со тоа се занимаваме. Приклучете ни се.
https://bileti.mkc.mk/index.php?id=684
-Sethstat
-Zulu 3.4
-Kanton6Trio
https://bileti.mkc.mk/index.php?id=685
-Cobalt Code Unit
-Yordan Kostov Quintet
KRAJ VARDAROT JAZZ се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.
HOSTS
