Valentino со задоволство го најавува лансирањето на новиот парфем, Voce Viva , дизајниран од креативниот директор Пјерпаоло Пикчиоли во соработка со Valentino Beauty. Valentino Voce Viva е замислена како глас кој пренесува порака ширум светот и ги поканува сите да ги допрат срцата на другите, да ги инспирираат и да ги остварат своите соништа. Voce Viva ги одразува вредностите на индивидуалноста на оваа модна куќа и слави една од најинтимните женски сетила.
Valentino гордо ја прогласува Лејди Гага за лице новиот парфем. Лејди Гага е една од најсилните гласови на современата музичка сцена и единствената изведувачка што освои Оскари, Греми, БАФТА и Златните глобуси во истата година, кои ги освои со својот врвен настап во филмот The star is born. Лејди Гага е глас на една генерација и инспирира милиони луѓе низ целиот свет повеќе од една деценија. Модната куќа и пејачката не се поврзани само со италијанскиte корени. Како симбол на почитување на различностите и наоѓање на нејзино место под сонцето, Лејди Гага ги претставува истите вредности како Valentino.