Дизајнерките Мартина Шишко Карапетриќ и Морана Сарачевиќ ги тргаат на страна нашите тешки мисли предизвикани од кризата со корона со убавината на прекрасните креации.
Како што историјата постојано се повторува, така и оваа година сме сведоци на неверојатен развој на случувања на глобално ниво, предизвикан од коронавирусот кој го смени нашиот свет и најтешко ја погоди индустријата за луксуз, мода и убавина.
Дизајнерките на модното дуо Будоар – Мартина Шишко Карапетриќ и Морана Сарачевиќ – решија да претстават новата капсула колекција наречена „Пркосне хаљине“ и создадоа визуелно привлечни креации кои најдобро го сумираат цитатот од „Алиса во земјата на чудата“.
Луксузните принтови на макси креациите изгледа како да зборуваат за некој друг, за посреќен и порелаксиран живот, ексцентричен, а сепак убав и женствен.