Смели панк стилови ја акцентираа првата досега дигитална презентација на познатиот бренд …
Настанот Paris Couture Week во Париз, за прв пат се одржуваше виртуелно, како резултат на пандемијата на вирусот корона, а брендот Chanel претстави изглед со 30 фотографии и видео, истакнувајќи ги најновите креации на Вирџинија Вијард за луксузниот бренд.
„Размислував за панк принцезата која излегува од Le Palace во зора“, рече дизајнерката, потенцирајќи елементи како што е фустан од тафта и парчиња накит кои можат да се видат во целиот асортиман.
„Инспирацијата за оваа колекција беше повеќе од Карл Лагерфелд отколку оа Габриела Шанел. Карл би одел во Le Palace, придружуван од рафинирани и убави жени, кои исто така би биле ексцентрични “.