Не можеме да ја замислиме летната сезона без него … Макси, мини, бохо, елегантен, спортски, асиметричен, со тантела, од свила… БЕЛ ФУСТАН!
Доволно елегантен и ненаметлив, белиот фустан остава впечаток на чистота и пред сè шарм.
Како парче облека што ја „носи“ целата комбинација, доволно е еден атрактивен детаљ за да ја комплетирате вашата модна летна приказна.
За дневни варијанти, тоа може да биде сламена шапка со голем обод, а за летните вечери изберете ефектен накит и високи потпетици.
Кога имате дилема што да облечете денес, започнете го летниот ден со бел фустан во кој ќе се чувствувате женствено и полетно.