Минатиот вторник, брендот Барбери ја лансираше својата есенска колекција – 2020 година потпишана од Рикардо Тиши.

Кампањата, ја рекламираат омилените модели на дизајнерот Ирина Шајк и Рис Нелсон, фотографирани од Данк Штајнер. Шминката ја потпишува Исамаја Френч, неодамна назначен за глобален директор за убавина на брендот, додека за фризурите беше задолжен Гери Гил.

Темата на кампањата е двојност, затоа имаме можност да ги видиме Ирина и Нелсон како позираат со сенките, односно нивните двојници, додека Ана Штајнер е одговорна за нивниот стил.

Идејата за двојност се однесува и на облеката, затоа што Тиши беше инспириран од архивите на модната куќа кога креираше силуети, текстури и дезени.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаша инспирација: Летна колекција H&M home!
Следна објаваСе што треба да знаете за сончањето и кремите за сончање
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ