Со размислувањата за одмор и залезите на сонцето, модната куќа H&M ја претстави својата летна колекција H&M Home.
Летната колекција носи чувство на егзотични места и мирис на немирен океан во нашиот дом. Летото е пред нас и бидејќи сè уште не сме сигурни каде и како да одиме на одмор заради коронавирусот, ајде да направиме амбиент на тропска градина и боите на океанот во нашиот дом.
На балконот, тераса или во градина можеме да создадеме вистински тропски одмор. Во новата колекција за ова лето, ќе најдеме разнобојни крпи, корпи, саксии и мали додатоци кои ќе го осветлат нашиот појадок на масата.
Палетата на сини и розови нијанси, како и природната зелена боја на листовите на палмите, ќе ја донесе свежината на летото и ќе ве однесе на патување од соништата.