Дијамнатите се безвременски, но исто така е и убавата бела торба. Или, ако не засекогаш, барем за целото лето.
Must have на летната сезона е целосно бела торба, по можност изарботена од лесни материјали. Тоа не значи дека треба да шетате исклучиво со бела платнена торба, туку напротив: дури и многу кожни торби одат совршено со летната облека.
Затоа, не грижете се: минималистички дизајни, како и плетени кожни торби, се совршени варијации на белата летна торба. Ако сакате торба која е „многу летна“, ви предлагаме да обрнете внимание на торбички од мрежа со кожно дно, плетени корпи или плетени торби за шопинг.
Белите торби носете ги во комбинација со фармерки и цветна блуза, свилените фустани и сандали со високи потпетици се идеален придружник за белата торба со рафија. Белата убаво се комбинира со темите од природата, така што белата торба е идеален додаток на кошулите со цветна шема, фустани со ботаничка шема и животински принт.
Убавината на белата боја е што оди добро со сè, па торбата во оваа нијанса е додаток што ќе ве спаси во секоја ситуација – од зори до зајдисонце.