H&M има прекрасни костими за капење, кои можете да ги облечете наместо популарниот “топ”.
Сигурни сме дека ова лето ќе излезете по баровите или клубовите на плажа, а сите знаеме како тоа може забавно да заврши! Ако немате костим за капење, честопати со облека ќе влезете во најблискиот базен или во езеро/море, така што најдобрата опција е да го носите за секој случај!
Можеби ви изгледа необично, но дефинитивно можете да го носите костимот за капење како топ и да изгледате многу стилски. Се разбира, поважно е да се избере добар крој, принт и материјал, затоа што сè друго ќе изгледа малку ефтино (сјајна пластика, нападни камења …).