Детали покриени со златни листови и рефлективни панели се главните карактеристики на „Арт Деко“ стилот во овој париски ресторан, кој британскиот дизајнер Џон Велан го наполни со детали инспирирани од седумдесеттите…

Ресторанот се наоѓа во хотелот „Нолински“ со пет sвездички, во првиот арондисман во Париз, на многу кратко растојание од Лувр и Жарден де Тулери. Претходно, ресторанот беше украсен со мешавина од сина и сива површина, како и спуштен таван, кој според дизајнерот зрачеше ладни емоции.

Фокусна точка на ресторанот сега е централниот столб, кој е украсен со ленти од сјајни огледала. Горниот дел од столбот се карактеризира со детали од гипс покриени со златни лисја, кои се издигаат кон таванот, создавајќи мотив на сончевите зраци.

Рефлективните панели исто така ги красат sидовите на главниот трпезариски простор, кои инаку се украсени со тонови во златна боја за да создадат ефект на патина.

На централниот дел на таванот му беше даден украс во форма на лустер со три нивоа, кој  е дело на шпанската фирма Фортуни.

Фреската во јапонски стил, отсликува меки облаци околу планинските врвови.

Тонската палета на бои на овој ресторан и одредени делови од мебел се омаж за седумдесеттите години, што според мислењето на Вилан, совршено се вклопува во естетиката на „Арт Деко“ стилот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава~Празник на музиката 2020 во Францускиот институт во Скопје~
Следна објаваВо Лондон е отворен ресторан со необичен ентериер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ